Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ информираа дека Викторија Постоловска е избрана за нов студентски правобранител на Универзитетот. Според Законот за високо образование надлежноста на студентскиот правобранител е да постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел повреда на правата на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

Постоловска е студентка на четврта година на Филозофскиот факултет „Блаже Конески”, на Катедрата за англиски јазик и книжевност.

Причина позади мојата кандидатура за студентски правобранител извира од сопственото убедување дека извесноста на основната живототворна сила во едно општество припаѓа и потекнува од самите студенти, чии права мора да бидат актуелизирани, уважени и заштитени. Како студентски правобранител, во влог ставам голем дел од себеси и моето време кон каузата на УСС, под чија закрила се чувствувам спремна да се спротивставам на секаков обид за угнетување на студентските права”, вели таа.

Според Законот за високо образование надлежноста на студентскиот правобранител е да постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел повреда на правата на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

Мандатот на студентскиот правобранител е две години, без право на реизбор.

Досега функцијата студентски правобранител на УКИМ ја вршеше Теа Мицевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.