Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner – 23“ и донесе ваква Одлука.
Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner – 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа. На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.