Овој објект неколкупати почнуваше да се гради, но беше оставан во заборав. Стигна до втората фаза од изградбата. Втората фаза ја најави и поранешниот министер за здравство Венко Филипче минатата година кога го посети Кичево, а истото го најавува и сега новиот министер Беким Сали. Останува да видиме дали втората фаза од градежните активности ќе продолжи или ќе почне, па потоа ќе се стопира како вообичаено, истакна репортерката на ТВ21.
Кон крајот на минатата година започна втората фаза од изградбата на болницата. Беа забележани како се движат камиони, беше отворен канал, беше поставен еден слој изолација околу новата зграда, а беа донесени и неколку цевки. Но, оттогаш не е преземено ништо друго, а каналот и понатаму стои отворен. Министрите се менуваат, но никој од нив не ја истурка оваа работа до крај.
„Моите информации велат дека таму се работи, но динамиката на градежните активности не е на потребното ниво. Јас сѐ уште не стигнав да ја посетам таа болница. Секако дека еден од моите приоритети е кичевската болница да ги запали светлата и да профункционира. Секако дека за мене тоа е предизвик“, рече министерот Сали.
Секоја година политичките претставници ветуваат дека ќе ја довршат, но Кичево никако да добие нов болнички објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.