Јасно е дека власта повторно ја погазува демократијата со цел да обезбеди вештачко мнозинство во комисијата за прашања на избори и именувања и на тој начин да ја цензурира различната мисла, да цензурира предлози за судии и обвинители кои се поквалитетни од нивните предлози, и само да се инсталираат послушници кои ќе им ги спроведуваат одлуките и директивите на Зоран Заев и Али Ахмети, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски на денешната собраниска седница.

Тој истакна дека денеска сведоци сме на насилно кршење на демократијата, на Деловникот и на Собранието и дека на дневен ред има дикретива да се разреши пратеник као член на комисија наместо закони кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на животот на граѓаните, како што се за покачување на пензии, зголемување на плати на наставниците или пак  Декларација за Гоце Делчев.

Се направи преседан, кој може да стане правило во иднина. Тука се доведува во прашање тежината на народот. Зошто граѓаните избираат пратеници на избори, каде е правото на пратениците да одлучуваат по сопствено убедување? Сето ова се дерогира затоа што на власта и е потребно да инсталира свои судија, обвинител, функционер. Станува јасно зошто власта се брза и ги скока процедурите. Се плашат затоа што ги знаат анкетите, затоа што ги очекува дебакл, рече Велјановски.

Тој нагласи дека кога се работи за одлуки кои не се од важност за граѓаните власта ги става на брза лента, но кога има закони од важност за граѓаните како справување со криза, сиромаштија тогаш не доаѓаат ни на дневен ред.

Кога треба да се инсталира партиски послушник, тогаш на 4 минути пред седницата може да се стави точка на дневен ред и власта да си гласа без да размислува за последиците во иднина. Кога власта има можност да докаже да се направи нешто за владеење на рпаво, борба против корупција и криминал, тогаш имаме вакви случувања. Затоа оценките од ЕУ се ниски, имаме чиста двојка во правосудство.  Пратениците од власта немаат ни храброст да се спротистават на партиските директиви, но можеби и се уплашени затоа што видовме киднапирање на пратеник, па затоа и гласат како ќе им наложат, потенцираше Велјановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.