Она што се случува во владејачкото мнозинство е хаос и немање на принципиелни ставови околу најважните прашања кои се од интерес за државата. Истото се случува и околу уставните измени и барањето за уставни измени кои што знаеме дека веќе подолг период се тераат како една главна стратешка работа од која што би значела евроинтеграцијата на Република Македонија, истакна пратеникот Александар Велјановски.

Тој во врска со уставни измени и различните ставови по ова прашање кај владејачкото мнозинство постои разногласие. Имено тој потсети и на ставот кој претседателот Мицкоски во кажа а тоа е Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ.

Јас можам да кажам дека во владејачкото мнозинство постои разногласие. Ова со Хрватскиот модел, предлогот кој што го слушнавме и од страна претседателот Мицкоски, јас го слушнав и од заменик министерката за правда која во една емисијата на една национална телевизија кажале дека правеле една компаративна споредба на сите устави во регионот па и пошироко, не знам можеби и во Африка затоа што од СДС може се да се очекува и дошле до заклучок дека во Република Хрватска, Македонците се дел од преамбулата и дека таму никаков проблем. Оттука и предлогот на претседателот Мицкоски односно фрлената ракавица е токму во таа насока да Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ, а во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, рече тој.

Велјановски во врска околу разните ставови на повеќе политички партии кои излегоа вчера за уставните измени заклучи дека поради тие различни ставови потребно е да се оди на предвремени парламентарни избори. Тој во врска со одржување на предвремени парламентарни избори додаде дека на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како тие како партија ќе се справат со овој проблем.

Во текот на вчерашниот ден слушнавме најразлични интерпретации на овој предлог односно отфрлање на предлогот од страна на албанските политички партии, нов предлог од страна на Алтернатива, повик за влегување во групата што ќе биде комисијата која што ќе се занимава со давање на предлози за тоа како би изгледала преамбулата. Така да сметам дека токму ова разногласие доведува до заклучокот дека е потребно да се оди предвремени парламентарни избори на кои би излегле со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како ние како партија ќе се справиме со проблемот кој што го наметна Република Бугарија, а преку продолжената рака на Република Бугарија тоа е СДСМ во Република Македонија, заклучи Велјановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.