Јас би опфатил поширок аспект на тоа. Не само што мисли членството туку и што мислат граѓаните на Македонија. Нивното мислење е дека Република Македонија се движи во погрешна насока, дека економијата тоне и дека имаме огромна сиромаштија и нефункционални институции. Гледате што се случува на полето на високата корупција и организиран криминал и какви потреси се случуваат, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски во неговото гостување во на централните вести на Алсат Телевизија говорејќи за расположението на членството и општо на граѓаните за изборите.

Граѓаните велат дека е допрено дното и не само што е допрено дното, туку и дека истото е пробиено. Едноставно сите се насочени и фокусирани кон промените, а промените се тоа дека оваа актуелна влада, коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт, односно демонтирање на Социјалдемократскиот сојуз и неговиот лидер во таа коалиција Демократската унија за интеграција од тоа да ја вадат државата во наредниот мандат, додаде Велјановски.

Тој исто така додаде дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирано да ја донесе најголемата победа, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја врати надежта во Македонија.

Ако зборуваме од аспект на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, јас можам само да ви укажам дека се силно мотивирани и подготвени да ја донесат убедливо најголемата победа и токму заради тоа ние цело време го повикуваме народот, граѓаните без разлика на етничка припадност да застанат позади коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаме намера да ја вратиме надежта кај граѓаните со силни политики и со една платформа за иднина, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.