Кога зборувам за иселувањето и на социјалната несигурност мора да напоменам дека правната несигурност е навистина голема причина за иселувањето. Жителите кои што живеат во Полошкиот регион се соочуваат со дискриминаторски однос од страна на институциите. Тешко достапната правда, нефункционалноста на институциите, а особено на судовите, на обвинителствата и на полицијата. Едноставно чувството на правна несигурност, чувството на немање на безбедност за нормален живот едноставно ги тера моите сограѓани да размислуваат за заминување од овој дел на државата, но и од Македонија, ова на денешната трибина на тема „Социјални политики против иселувањето и сиромаштијата“ го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Тој зборувајќи за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Полошкиот регион како што е проблемот со безбедноста, неефикасноста на институциите и образованието кое стагнира и доведува до девијантни појави на младите, упати апел до надлежните за воведување ред и почитување на законите.

Она што го живееме секој ден во овој дел на државата е токму и проблемот со безбедноста. Неефикасноста на институциите, образованието кое што за жал стагнира 6 години наназад доведува до девијантни појави во општеството. Имаме голем број на тепачки помеѓу малолетници и млади лица кои што доведуваат до заострување етничките односи па и на соживотот во овој дел на Македонија. Тука се гледа тромоста на институциите, а апелите се да се воведе ред и да се почитуваат законите. За жал државата не реагира навремено по однос на овие девијантни појави, па во последно време можам да кажам дека се зачестени и овие пресметки помеѓу младите кои што можетe да доведат и до поголеми несакани последици – истакна Велјановски.

Во Тетово остана горливиот проблем со гимназијата кој што гледаме дека власта предводена од ДУИ и СДСМ трошат милиони евра за казнени пенали за дoговор кој е штетен за државата а немаат, односно не сакаат да обезбедат среdства за да се изгради гимназијата, односно делот од гимназијата Кирил Пејчиновиќ, па децата кои што се од македонските паралелки во тетовската гимназија учат во субстандардни услови кои што не доликуваат на гимназијалците, рече Велјановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.