Лидерот на најголемата косовска парламентарна опозициска партија, Демократска партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, по повод 10-годишнина од смртта на Арбен Џафери, му одаде признание на албанскиот политичар од Македонија за неговата „посветеност и залагањата за националната кауза“ на Албанците, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на неговата страница на Фејсбук, Красниќи вели дека Џафери ќе остане запаметен и за „незапирливиот придонес во негувањето на вредностите на слободата и демократијата, придонесувајќи зÐ ° јакнење на албанскиот фактор во регионот и пошироко“.
– Десет години без истакнатиот интелектуалец и политичарот Арбен Џафери!… Заслужено, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ги поврзува Косово и Албанија, го носи името на колосот на албанската кауза – Арбен Џафери. Вечна благодарност за придонесот и филозофијата на факторизирање на Албанците на нивните простори, напиша Красниќи.
Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Во 2001 година, како лидер на Демократската партија на Албанците (ДПА), која тогаш беше дел од македонската Влада, беше еден од потписниците (заедно со тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и лидерот на Партијата за демократски просперитет Имер Имери) на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во земјата. Поради здравствени причини се повлече од политиката во 2007 година, а почина во Скопје на 15 август 2012 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.