Само да се заблагодарам на сите оние кои масовно излегоа денес, ако не се лажам некаде во 17 часот беше двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година што зборува за зголемената понуда, но и за зголемена побарувачка кај граѓаните да го искажат своето мислење каде се движи државата, истакна кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.
– За жал како да во Mакедонија како да се одвиваат два изборни процеси, двајцата противкандидати од албанскиот блок како да се натпреваруваат меѓусебе и како тоа ќе се рефлектира врз парламентарните избори.
Што се однесува до македонскиот блок, она што го видов пред да стигнам е дека некои медиуми веќе ги прогласија победниците и тоа ме врати на мојата прва прес-конференција и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе ги даде гласовите во вториот круг.
Фаворитите се наводно утврдени и тоа ја убива волјата на граѓаните. Ќе почекаме да ги видиме реултатите и се надевам дека поголемата излезност значи и повеќе гласови за мене како претставник на Левица. Ова однапред завршување на трката го сметам за преурането – истакна на прес-конференција Билјана Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.