Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, од неодамна започна јавно да ги искажува своите ставови по повод македонско – бугарските односи кои се актуелни периодов, но и јавно да зборува за неговите бугарски национални чувства.

Тој во изјава за ,,Фокус”,  вели дека додека бил млад, не ги познавал доволно фактите. Кога започнал да студира во Бугарија во 1997 година, започнал да чита многу книги и да ја запознава историјата.

-Фактот дека граѓаните кои што се чувствуваат како етнички Македонци а живеат во Република Македонија и мнозинството граѓани кои што живеат во Република Бугарија дека се најблиски и братски народи никој не може да го сокрие.

Омразата против Бугарија е градена и гаена во две етапи. Првата етапа е за време на српската окупација помеѓу двете светски војни, период во кој се имаат случено огромен број на ѕверства против македонците кои не ја мразеле Бугарија, а втората фаза е за време на комунизмот.

Повеќе на „Фокус.мк“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.