Собранието на Македонија за в четврток закажа нова седница. Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница закажана е 80. седница на Собранието на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Претходно извори од Собранието за МИА потврдија дека пратениците денеска преку СМС порака биле информирани оти седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието се уште немаат излезено со официјална информација за седницата.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.