Со државнички активности, Владата на Република Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
На овогодинешното одбележување во Бутел, Скопје, со почеток во 12:00 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата на Република Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.
Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10:00 часот ќе положат свежо цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија.
Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.
Во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.