Утре Македонија ќе биде блокирана еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека утре ќе има промена во начинот на протестирање.

Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади, а организаторот на протестот најавува дека дополнително ќе објави информации каде ќе има блокади.

-Ве повикуваме, утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат блокадите. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на македонската држава. Да живее Македонија, рече Ивица Боцевски кој се обрати пред присутните на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.