На утринската сесија на дводневниот 21. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и ЕУ, во фокус беа мерките за справување со загадувањето и енергетската криза; добрососедските односи и регионалната соработка; Извештајот за Дијалогот Жан Моне; разгледување на Нацрт-амандманите и усвојување на препораките, како и утврдување на местото и датумот за следниот состанок.
Копретседавачот на Комитетот, Андреас Шидер, ја отвори дебата а воведно излагање имаше пратеничката Маја Морачанин; потоа Тијс Ројтен, член на Европскиот парламент од Холандија; како и пратеникот Халил Снопче.
Морачанин информираше за преземените мерки за справување со загадувањето и енергетската криза од страна на Владата на Република Македонија, подготовката и усвоениот Национален енергетски акциски план на Македонија за 2022-2023 година, со цел да ги заштити потрошувачите и нивниот животен стандард од директното влијание на растот на цените на енергијата и храната. Финансиската поддршка за ранливите потрошувачи на електрична енергија согласно Програмата за енергетска сиромаштија, преку која се субвенционира потрошувачката на електрична енергија на лицата со ниски примања преку намалување на нивната сметка за струја.
Таа се осврна и на мерките за намалување на загадувањето на воздухот, израбoтените планови за квалитет на воздух, управувањето со отпадот, инвестициите во областа на водите и за поддршка на проектот за изградба на пречистителна станица во градот Скопје. Се очекува и усвојување на Предлог-законот за климатска акција.
Ројтен, од европската страна, посочи дека мерките за справување со загадувањето и енергетската криза ќе бидат успешни само ако се работи заедно, бидејќи се наша заедничка одговорност, нема план Б, како и планета Б – е порака која треба да ја понесеме од денешната утринска сесија, тоа го правиме за иднината на нашата планета.
Пратеникот Снопче истакна дека светот се менува, а ЕУ е средиште на промени, треба да се изнајдат други начини за добивање на енергија не само да се замени една зависност со друга, туку и да се произведува дома, тоа ќе доведе до економско преструктуирање.
Шидер сублимираше дека сите споменати теми се битни, природата и климата го засегаат целиот свет, не само ЕУ, чиста вода и чисти ресурси се длабоко социјални прашања и мора да сме одговорни со нив.
Во продолжение, учесниците од македонска и европска страна ги разгледаа и гласаа по Нацрт-амандманите, Сесијата резултираше со едногласно усвојување на препораките.
Предвидени се уште два состанока кои се очекува да бидат одржани во јуни и октомври годинава во однос на финализирање на Дијалогот Жан Моне, а датум за следен состанок на МПК – РСМ и ЕУ, Шидер предложи да биде ноември во Стразбур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.