На денешниот седми по ред протест граѓаните пред министерството за Правда оставија неколку пишани пораки, за да надлежните да го почитуваат уставот и законите. Имено, пораките напишани на хартија кои ги испратија револтираните граѓани гласат: „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“, „Ова е Устав“, „Ова е Јустиција, знаете што следи“.

Граѓани со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата.

Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден. Протестите продолжуваат и следните денеови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.