Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште. 35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.
Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.