Ова е улицата „Оџа Атаулах Куртиши“, во општината Чаир, која до пред два дена го носеше името на основоположникот на македонската драма и театар, Војдан Чернодрински. Оваа  улица под 90 степени ја сече улицата на која се наоѓаaт Албанскиот театар и Бит Пазар, а на неа е лоцирана полициската станица во Чаир.

Преименувањето на улицата се случи во саботата, со откривање на табла, во присуство на поранешниот и актуелниот градоначалник на Чаир , Меџити и Ганиу. Се одржа и свечена академија на која беше кажано дека Кутриши бил голема религиозна и национална фигура за Албанците, зашто го спречил нивното иселување од страна на поранешната југословенска власт, се вели во прилогот на „Телма“

Честите промени на улиците со менувањето на политичките гарнитури , според принципот на етнички заедници зборува за длабоката поделеност на македонското општество кое државата го одобрува, вели пензионираниот историчар Тодор Чепреганов.

  • Овде е работата до државата. Државата не реагира на тоа, туку премолчено го аминува. Ова е само еден пример од многуте примери во македонското општество на поделеност по сите основи- Тодор Чепреганов- професор по историја во пензија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.