Еден од ликвидираните мажи во барот „Шиша“ во Старата скопска чаршија во пукањето на 6 март, бил бегалец од правдата. Како што пренесуваат холандските медиуми, тој е еден од неколкумина осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, Холандија, кои успеаја да ѝ избегаат на правдата во одреден момент во изминатите две години.

Осомничениот илегално допатувал во Македонија, каде беше убиен.

Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин. Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили.

Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија, пишува NH Nieuws. Во март во Малага Енес Исение е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето во Холандија, но не смее да ја напушта државата.

Не е познато како без пасош влегол во Македонија.

Судењето за убиството во Берген ан Зи започна во вторникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.