Заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, денес ќе престојува во работна посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информираат од МНР.

Се очекува двајцата министри да разговараат за теми поврзани со билатералните односи, европските интеграции на двете земји, претседавањето на Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелности од регионот и меѓународните односи.

Во рамки на посетата, Турковиќ ќе биде примена и од претседателот на државата, Стево Пендаровски и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По средбата со Османи, предвидена е прес конференција во 10:25-10:55 .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.