Во однос на измените во Законот за извршување на санкции, министерот за правда Тупанчевски истакна дека и понатаму е со истиот став, односно мора да се превенира и истовремено да се прецизира одредбата и на кој начин ќе се издржува казна затвор.
– Сегашното решение е решение што го има во уште многу држави во Европа и светот, меѓутоа она на кое што треба да се посвети посебно внимание е да не се злоупотреби одредбата што во принцип е добра меѓутоа и покрај тоа што е на линија на компаративни решенија кај нас имаме негативни консенквенци, додаде тој.
Прашањето со „затворскиот туризам“ и користењето на правната можност за издржување на затворските казни во Затворот во Струга, кој е од отворен тип, во јавноста беше отворено откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ги променија адресите на живеење во Охрид и со тоа создадоа правна основа за отслужување на затворските казни во овој затвор. Мијалков, кој склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“ и доби тригодишна затворска казна, вчера се пријави во затворот во Струга за нејзино отслужување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.