Министерот за правда Никола Тупанчески, на денешниот брифинг со новинари, се согласи дека застарувањето на судските предмети е голем проблем, поради што и во изминатиот период имаше големи реакции во јавноста. Тој вели дека и студентите по право имаат предмет Судски менаџмент, за тоа како предметите да се донесат до завршница.

Прашан за коментар за застарувањето на предметите од СЈО, министерот Тупанчески се осврна на предметот за масовното нелегално прислушување во УБК, „Таргет и Тврдина“, чија првостепена пресуда неодамна беше укината на Апелација, со што предметот, особено делата за кои се гони Сашо Мијалков застаруваат за две години.

Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред. Дури 9-10 месеци предметот стоел во Апелација, рече Тупанчески, додавајќи дека сепак одговорноста на судиите треба да ја цени Судскиот совет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.