Како се случи масовен „притвор“ на простор од 25 илјади метри квадратни на илјадници македонски граѓани без нови пасоши, дебатираат велерва во „Топ тема“ универзитетскиот професор Денис Прешова и адвокатот Владимир Туфегџиќ.

Адвокатот Туфегџиќ го отвори и прашањето околу изречените судски забрани, односно колку ќе произведуваат правно дејство бидејќи одземени патни исправи веќе не важат, има луѓе на кои им е одземена стара патна исправа. Кога сме кај судските одлуки ова отвора многу прашања.

Треба да се вратиме назад неколку години за да дојдеме до причината на ова што денеска ни се случува. Ниту еден граѓанин нема воопшто да размислува за правна постапка туку вниманието му е насочено како да обезбеди документи. За оваа ситуација мора да се обезбеди постапка и Јавното обвинителство е вистинското место за тоа. Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас, истакна Владимир Туфегџиќ, адвокат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.