Слободен печат“ дознава дека охридското здружение „Цар Борис“ ќе го смени името и дека веќе ги поднело потребните докумети до Централниот регистар за да се усогаси со измените на Законот за здруженија и фондации, а битолското здружение „Иван Михајлов“ досега не поднело никакво барање до Централниот регистар.
Од Централниот регистар велат дека охридското здружение пред три дена покренало постапка за да се усогласи со измените на Законот на здруженијата и фондациите.
Бугарската агенција БГНЕС пак објави дека министерот Османи побарал средба со претставниците на македонските Бугари. Агенцијата наведува дека барањето за средба е на само една недела откако еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи разговарал со македонските бугарски лидери во Брисел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.