Претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски во однос на наодите на анализите за евроинтеграцијата на земјава, вели дека тие може да се резимираат во реченицата оти „европскиот сон за земјата се уште сјае, но европската реалност се претвори во лош сон“.
– Кредибилитетот на Европската Унија продолжува да пропаѓа. Тој е неколку години по ред во голем пад. Унијата се помалку станува значајна во личните животи на луѓето, особено кај Македонците. Се зголемува перцепцијата дека Америка е многу повлијателна од Европа и првпат тоа е мнозински став и кај етничките Македонци, што досега беше резервиран за Албанците, вели Трошановски.
Исто така, она што е многу важно е и дека перцепцијата за влијанието на Европа како најдобар сојузник на земјата бележи огромен пад.
– Ако била 34 отсто пред две-три години сега е само девет проценти, така што во една целина што се однесува до евроинтеграцискиот процес нашата популација е дезориентирана, разочарана и мислам дека трансформативната моќ на пр истапниот процес, меката моќ на Унијата како модел на вредности за жал се повеќе бледнее во нашата земја, вели Трошановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.