Власта во 2022 година во ЈП Македонски шуми вработила 480 луѓе за период од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавнто претпријатието, односно да се зголеми сечата на дрва, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатот од тие вработувања е еднаков на нулата. Имено реализацијата на сеча на огревно дрво е за 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Македонски шуми.

Овие 480 вработувања се за работните места, сечачи, дотурачи, редач-утоварач-истоварач и шумски работници за кои што Македонски шуми ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милиони евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требала да се зголемува, а не кататстрофална реализација како што е сега.

И сето ова би било во ред доколку ЈП Македонски шуми си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина на огревно дрво имајќи во предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс за затоплување на домовите.

Со ваков неспособен менаџмент на Ј Македонски шуми, нема ниту доволно дрва за огрев, а претпријатието се расфрла со непотребни вработувања и пари кон фирми.
Власта и Љупчо Николовски единствено ги интересира криминалните бизнис зделките, а не и проблемите на граѓаните во Република Македонија.
Впрочем, власта наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа вдомува свои партиски војници во институциите кои не ги извршуваат своите работни задачи, со огледа дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП Македонски шуми, нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта каде цената на метар кубен дрво достигнува и над 5000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.