Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари проштална средба со австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас и аташето на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи, Харолд Фугер.

Патот на Република Македонија кон Европската Унија и патот на усогласување на законските регулативи со цел интеграција на државата во ЕУ беа главниот фокус на разговорот на министерката и амбасадорот.

 

Амбасадорот Вуцас ја информираше министерката дека на крајот од јули неговата должност како амбасадор во Република Македонија завршува. Тие разговараа за успесите и плодната соработка на Австриската амбасада и Министерството за труд и социјална политика вклучувајќи го прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита.

Министерката на крајот од средбата ја изрази својата благодарност кон амбасадорот и неговата посветена работа која според неа даде придобивки на државата и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Министерката исто така посака пријатни последни денови на амбасадорот во неговата функција во државата и му посака големи успеси во наредните животни предизвици.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.