Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата на Република Македонија во Туркије се сретнаа со Градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај. На почетокот од средбата министерката Тренчевска ја искажа благодарноста за поканата до делегацијата да биде во нивната земја со цел размена на искуства и потврдување на соработката помеѓу двете држави.

Градоначалникот, Тугај на средбата истакна дека Република Македонија е блиска земја со Туркије посочувајќи на корените на нивниот основоположник, Кемал Ататурк е со потекло од РСМ.

Фокусот на дискусијата на средбата беше на негување на засебноста на македонскиот и на турскиот народ. Тренчевска истакна дека во РСМ има градинки каде што воспитно-образовната програма се изведува на турски јазик и се овозможува негување на нивната култура уште од најрана возраст.

На крајот од средбата беа искажани убедувања дека досегашната поддршка и соработка е само почеток и дека истата во иднина ќе се продлабочува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.