Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Проф. др. Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажитеЛолита Ристова, претседателка на Клубот на пратеничкиДаниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка се обратија на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за моменталната ситуација во државата во делот на свеста на населението за насилството и актите на насилство. Таа истакна дека државата со спроведувањето на законите бележи напредок во делот на ова прашање, насилството е се повеќе пријавувано и таа истакна дека дополнително кон тоа придонесува и извештајот ГРЕВИО.

„Како држава го подготвивме првиот иницијален извештај за спроведување на Истанбулската конвенција и  истиот е доставен до ГРЕВИО мониторинг телото и скоро треба да ги добиеме препораките за понатамошно унапредување на одговорот во справувањето со родово базираното насилство. Истите ќе бидат адресирани во Новата Стратегија за справување со насилството врз жените и семејното насилство која треба да се подготви во наредниот период“ рече Тренчевска.

Таа по истакнувањето на заложбите на институциите посочи дека нејзина цел ќе остане поддршката на невладиниот и граѓанскиот сектор затоа што според неа токму тие ја менуваат општествената свест. Посочувајќи дека само со заеднички пристап ќе може да се дојде до напредок.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.