ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо против на поставување на луѓе на функции кои имаат соодветно образование, професионалци во својата област, кои си ја знаат работата за која се платени од граѓаните а при тоа ги почитуваат Уставот и Законите на оваа земја без разлика на кој етникум припаѓаат. И еднаш засекогаш оваа бесмислена етикета дека ВМРО-ДПМНЕ се албанофоби, треба да биде напуштена, затоа што во моментот, ВМРО-ДПМНЕ ја води нова генерација на политичари, со визија за подобро утре, каде Македонија сите ние заедно ќе ја направиме подобро место за живеење, вели во интервју за „Коха“, Викторија Трајкова, универзитетски професор и стратешки соработник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е државнотворна партија која се залага за право и правна држава и по идеологија и по својот Статут. ВМРО-ДПМНЕ е партија која апсолутно нема ништо против некого доколку тој некој го почитува законот, не прекршува собраниски процедури и не злоупотребува европско знаменце за небулозни законски решенија кои се на штета на граѓаните.

Дали можеби е албанофобија кога ВМРО-ДПМНЕ бараше одговорност за Беса Транс, каде 45 луѓе ги загубија своите животи заради нечија неодговорност?

Дали е албанофобија кога ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на криминалот на струшкиот градоначалник Мерко а Соединетите Аерикански Држави го ставија на црната листа за криминал и корупција?

Дали можеби ВМРО-ДПМНЕ се албанофоби кога укажуваат за субстандардните услови во кои се лекуваат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми? Дали случајот со онкологија е албанофобија каде умираа сите подеднакво?

Албанофобија ли е кога ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за модуларната болница во Тетово, каде што живи изгореа 14 луѓе? Одговорот на сите овие прашања е НЕ!

ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо против на поставување на луѓе на функции кои имаат соодветно образование, професионалци во својата област, кои си ја знаат работата за која се платени од граѓаните а при тоа ги почитуваат Уставот и Законите на оваа земја без разлика на кој етникум припаѓаат. И еднаш засекогаш оваа бесмислена етикета дека ВМРО-ДПМНЕ се албанофоби, треба да биде напуштена, затоа што во моментот, ВМРО-ДПМНЕ ја води нова генерација на политичари, со визија за подобро утре, каде Македонија сите ние заедно ќе ја направиме подобро место за живеење, вели Трајкова.

Целото интервју на „Коха



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.