Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска оствари средба со Орхидеја Каљошевска, експертка за европски фондови и консултантка во областа на инфраструктурните инвестиции и економскиот развој на Западен Балкан.
Како што соопштуваат од кабинетот на Трајков, на средбата било разговарано за иницијативите во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Фокусот бил ставен на можностите за економско зајакнување на регионот преку поддршка на инфраструктурни проекти, подобрување на транспортните и енергетските мрежи, како и зголемување на регионалната интеграција и конкурентност.
Ги идентификувавме приоритетни области за инвестиции, што би можело да привлече дополнителни средства од меѓународни финансиски институции и да овозможи побрза интеграција на Македонија во Европската унија. Целта на ваквите средби е да се детектираат сите предизвици во насока на поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции. Работиме неуморно за подобар животот на граѓаните во Македонија, за создавање можности за бизнис, за зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот, истакна заменик минисерката Трајков по завршувањето на средбата.
Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) го поддржува социо-економскиот развој и пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешки инвестиции, особено во инфраструктурата, енергетската ефикасност и развој на приватниот сектор.
Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.