Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, осврнувајќи се на најавите дека Грција веќе испратиле дописи до државите, порача дека никој не може да поништи документ кој државата го издала.
Личен документ, патна исправа, лична карта, возачка дозвола може да поништи согласно меѓународно право, само оној што го издал. Ниеден друг не може да го поништи документот. Ниедна друга држава не може да поништи документ кој ние сме го издале, вели Тошковски.
Тој додава дека само ние можеме да ја отповикаме важноста за патните исправи, а зошто го кажува ова, ќе сме дознаеле во текот на наредната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.