Адвокатот Александар Тортевски со прашање до премиерот Димитар Ковачевски, по вчерашното свечено ставање камен темелник на идна фабрика за електрични автомобили во Тетово – инвестиција за која државата треба да влезе со 130 милиони евра:

„Зошто приватната фирма на премиерот Ковачевски не инвестира сопствени пари во развој на фабриката за електрични автомобили во Тетово?

Или тие се со работа, тешко заработени пари.

Вака од буџет, баш ти е гајле дали ќе успее. Исто како гасоводот на Кочо, пругата кон Бугарија….., напиша на Твитер Тортевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.