Една снимка – 1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа (случајот со ракометарот Денис Тот), рече меѓу другото адвокатот Александар Тортевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.
Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки – нефункционални семејства, домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии. Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило. Идиот е тој кој го дал таквото избрзано соопштение, дека имал срцев удар. Очевидците морале да се јават во МВР, требало да се јават и да кажат дека е нападнат, рече Тортевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.