Токсикологот проф. д-р Нико Беќаровски е еден од новите членови на Комисијата за заштита на населението од заразни болести, објави денеска на прес-конфренција министерот за здравство Беким Сали.

Претходно беше објавено дека д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје е именуван за портпарол на Комисијата којашто отсега ќе ја води проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија.

Комисијата, која брои околу 20 членови, досега ја водеше д-р Жарко Караџовски.

Претходно, во неделата попладне, преку Фејсбук статус Сали ги покани професорите на Медицинскиот факултет Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат членови на Комисијата или пак да бидат негови советници. Тие не ја прифатија поканата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.