Оваа година се навршија 100 години од убиството на Тодор Александров.
Соред многумина историчари тој бил еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО. Ја издигнал организацијата од рушевини и ја направил најмоќната организација во Европа, со која сите сакале да соработуваат и од која сите се плашеле, истакна во својот говор премиерот Христијан Мицкоски .
За нејзе слушнале од Даблин до Москва. За нејзе учеле сите од регионот, и од нејзе учеле сите кои знаеле што е борба за сопствена држава и идеја. Сакам на овој ден на денот на формирањето на македонската револуционерна организација да му оддадам почит, и да ги кажам зборовите кои одекнуваа при неговата смрт, а со кои соопштението за смртта до јавноста го завршиле во тој период. Во тоа соопштение објаснувајќи кои се убијците кои го сториле тоа убиство и објаснувајќи што се случило завршило со реченицата: Тодор Александров е мртов! Живее Тодор Александров!
Има ли помоќни зборови за некоја личност, кога човек ќе каже дека и покрај насилната смрт на тој човек, тој продолжува да живее. Заради неговото дело, заради неговата идеја, заради тоа што го направил за Македонија.
Слава му!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.