Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец вработен во интервентната полиција во МВР, открива „Телма“, додавајќи дека Насер Туша е чичко на притворениот Гани, осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики.

Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце.

Рано наутро, пак, бил запален и угостителскиот објект „Барон” во Чаир, место кое имаисто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша, која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар.

Во последното издание на емисијата КОД, презимето Туша се најде и на еден од договорите склучени со ЕСМ за увоз на 150.000 тони јаглен во вредност од 10 милиони евра за потребите на Рек Битола. Исак Туша е сопственик на фирмата Ими коп, а Насер Туша кој работи во МВР е лице за контакт.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.