Отсекогаш овде подобро се слушал гласот што доаѓал од надвор. Ние можеме да кажеме што сакаме, но ако тоа се каже од надвор, подобро се разбира. Луѓето не реагираат ниту на изјавите на амбасадорите, ниту на лошиот извештај на Европската комисија, вели претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева за последните критики на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за состојбите во судството и владеењето на правото во земјата.
Тасева посочува дека ние сме благодарни што амбасадорите користат дипломатски јазик.
Добро е сите гласно да кажуваме што треба да се подобри и уште е подобро ако за тоа отворено разговараме, рече Тасева пред објавување на резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.