Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, министерот Таравари рече дека не вели оти докторите направиле голема грешка, меѓутоа имало превид, имало пропуст.
– И јас не сум за да се стигматизираат докторите. „Ајде да ги исфрлиме“, „ајде да ги судиме“… Меѓутоа, некаква казна треба да се даде за да понатаму не ни се повторат. Сите сме потенцијални пациенти, додаде Таравари.
Меѓу другото, тој кажа и дека нивен предлог до Лекарска комора било привремено да се одземат лиценци, некаква дисциплинска мерка од клиниките или болниците за да не се повторат грешките.
– Целта е таа. Бидејќи тој живот, за жал, не можеме да го вратиме. Меѓутоа, да не ни се повторуваат грешките, нагласи Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.