Во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во своето обраќање истакна неколку значајни предизвици во менаџирањето на ресорот здравство.
„Имајќи предвид дека човечкиот потенцијал е носечки столб на секој здравствен систем, на предлог на Министерството за здравство, Владата ја донесе мерката за вработување приватни специјализанти (300+300). Покрај оваа мерка, правиме напори да овозможиме и вработување на уште 1.200 лица“, посочи министерот.
Министерот Таравари истакна дека по повеќе од 10 години застој е ажурирана позитивната листа на лекови за 9 нови генерички лекови, односно 87 лека во различни форми, а во континуитет се разгледуваат пристигнатите апликации од фармацевтските компании и се очекува во следниот период Листата да биде проширена со нови категории лекови.
„Токму за оваа мерка, како Влада добивме пофалба од регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, во рамки на 74. регионален состанок на Светската здравствена организација во Копенхаген“, истакна министерот.
Веднаш е пристапено и кон решавање на уште еден долгогодишен проблем во здравството – укинување на позицијата економски директор, со цел намалување на непотребните трошоци и подобрување на ефикасноста во управувањето со здравствените установи. Покрај наведените затекнати проблеми, министерот потсети за повеќе реализирани инфраструктурни проекти во јавните здравствени установи, како и инвестиции во нова медицинска опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.