Министерот за здравство и дел од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека политичката кариера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе заврши со локалните избори.

„Али Ахмети и ДУИ ги губеле изборите уште од 2011 ако се земат предвид гласовите на опозиционите албански партии заедно низ сите циклуси, но тие никогаш не биле заедно, како што ние настапивме сега. „Мајсторијата“ на Али Ахмети била што секогаш успевал да ги распарчи или да ги оневозможи да се соединат како ние на изминатите избори. Јас сум убеден дека на наредните локални избори коалицијата ВЛЕН ќе извојува убедлива победа и тоа „за среќа“ или „за жал“ ќе биде крајот на политичката кариера на Али Ахмети“, вели Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.