Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на прашањето поврзано со неодамнешниот повик на Зијадин Сеља упатен до опозициските партии од македонскиот и албанскиот политички блок и да разговараат за прашањата и теми кои се однесуваат на Албанците, напомена дека се подготвени за разговор.

-Кажав дека Сеља и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција. Инаку нема проблем, подготвени сме да разговараме со кого било и во кое било време, рече Таравари во одговорот на прес-конференција по денешната посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.згм/лв/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.