По повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата на Република Македонија ќе одржи свечено одбележување на овие два значајни празника.

На 9 мај, 2023 година (вторник) во 09:50 часот, делегации на покана на Владата на Република Македонија, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата.

По завршувањето на положувањето на свежо цвеќе, започнува настан на кој ќе има обраќања од претставниците на делегациите.

На настанот ќе се обратат потпретседателот на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, Наум Буревски; вршителот на должност на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Ерик Мајер; амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир, заменик-претседатот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.