Во Македонија, денеска за прв пат можеше да се видат авионите од типот „Ф-35“, кои претставуваат најнапредната технологија што може да постои.

Според министерката за одбрана Славјанка Петровска тоа е уште еден доказ за нераскинливата врска која постои меѓу сите земји на НАТО Алијансата.

Слетувањето на авионите ‘Ф-35’ на македонска територија е непобитен доказ дека Република Македонија е дел од нешто што е поголемо од сите нас, и зад нашата безбедност стојат сите сојузници, рече Петровска.

Македоонскиот воздушен простор повеќе од една година е дел за патролирање на авионите од НАТО. „Овој елемент за интеграција на нашиот воздушен простор е најважниот“, додаде Петровска.

Нашите аеродроми се способни да примат слетување на авиони од типот на „Ф-35“.

Овие напредни воени авиони од типот „Ф-35“ се дел од 134. ескадрила на Националната ескадрила на Вермонт.

Многу сме среќни што сме тука со нашите ‘Ф-35’ во овој момент кога прославувате 30-годишнината од формирањето на Армијата на Македонија и Воздухопловниот винг. Следниот јули ќе прославиме 30 години партнерство меѓу себе, меѓу Македонија и Вермонт, во рамките на програмата за државно партнерство, рече полковникот Џон Мекреј.

Според Мекреј, сами како одделни нации и земји ниту една од нас ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици што би можеле да се појават. Но, како што рече, нашите доверливи партнерства ни ја даваат колективната сила и мудрост што ни се потребни за да ги идентификуваме најопасните закани по нашата безбедност, а потоа и да ги здружиме нашите сили и да ги надминеме сите закани заедно.

Македонија обезбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром Петровец и полигонот за обука Криволак, кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност, додаде Мекреј.

Тој напомена дека воздухопловните сили на НАТО имаат шанси да тренираат заедно со нашиот воздухопловен винг и Армијата, за да ја гарантираат нашата сегашна и идна безбедност, на Балканскиот регион и на Европа како целина.

Министерката Петровска, во име на одличната соработка, на полковникот му го подари македонското знаме.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.