Судските работници излегоа денеска на едночасовен протест, при што порачаа дека доколку не добијат повисоки плати, на 1-ви септември ќе стапат во генерален штрајк со блокирање на улици и неиздавање на уверенија за неосудуваност и други документи.

Велат дека се собрале во знак на револт кон вчерашната одлука на министерот за финансии да не ја потпише одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци, наплата која беше донесена со одлука на 15 проценти и незадоволство од Министерството за финансии за нивните барања за покачување на плата од 30 проценти.

-Додатоците се во висина од 5 до 35% од кои континуирано месечно ни се исплаќаше по 5, 10, 15%. Што значи, и 10 % да е, ако е 20 илјади денари, толку е платата на секој судски службеник, за две илјади денари месечно. Но, откако се покачи платата на функционерите за 78% тие додатоци ние повеќе не ги добиваме, изјави Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судска администрација, кој функционира во рамките на Независниот синдикат на државната администрација.

Судските службеници ќе продолжат со протестите по 15 август, затоа што тогаш завршува судската ферија, која почнува на 15 јули, а доколку не бидат прифатени нивните барања од 1 септември почнува генерален штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.