Актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, војната во Украина, импактот на трети влијанија врз фрагилните демократски процеси во регионот, потребата од политичка кохезија меѓу сите државни и политички фактори, како на внатрешен така и на надворешен план, биле темите на кои разговарале на денешната средба претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил на гостинот за неговата активна агенда во регионот и честите контакти со нашата држава, кои се многу ценети и претставуваат поттик за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Како што соопштија од кабинетот на Џафери, тој се осврнал на динамичната и конструктивна соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и на силното билатерално партнерство, кое резултира во исклучително силна поддршка на нашиот евроинтегративен процес преку финансирање на проекти во различни области.
– Особено се цени долгогодишната соработка и со Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) и проектите кои се имплементираат, а се во функција на ефективно спроведување на клучните функции на Собранието. Билатералната меѓупарламентарна соработка се надградува и преку пратеничките групи во двата парламента, како и преку соработката меѓу двете делегации во ПС на НАТО и другите мултилатерални организации, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.
На средбата станало збор и за потребата од зголемено внимание на ЕУ во овој регион за да се намали влијанието на трети сили кои може да го свртат текот на неговото евроатлантско интегрирање, а кое не е во интерес на големото мнозинство граѓани на овие земји.
Сер Пич се заблагодарил на големата и видлива солидарност што Република Македонија ја покажа и потврди кон Украинскиот народ, со што земјата јасно покажа дека застанува на линијата на ЕУ и НАТО сојузниците.
– Се споделија и видувања во однос на идните активности во скрининг процесот и следната фаза на меѓувладината конференција, енергетските предизвици на регионот и на Европа генерално, за очекувањата од Берлинскиот процес и Проектот Отворен Балкан, при што двете страни се заложија за натамошно продолжување и имплементирање на предвидените активности, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.