Стопанската комора на северозападна Македонија денеска информираше дека поднела жалба за Законот за данок на солидарност до Уставниот суд.
Според Комората, законот е противуставен, дестимулативен и непринципиелен.
Нашите оценувања се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис и дека правната сигурност е во повисоко ниво од колку се претпоставува. СКСЗМ продолжува да го поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и да ја охрабрува борбата против сивата економија како предуслов за креирање соодветна клима за бизнис, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.