Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во гостувањето на 24 Телевизија истакна дека примената на законот за употреба на Македонскиот јазик, кој владата го достави до Собранието, ќе наиде на пречки заради претходниот закон за употреба на јазиците кој оваа власт го донесе пред некое време и за кое имаше забелешки и од страна на Венецијанската комисија.
Законот за употреба на јазиците во член 1 став 2 “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, во заграда албанскиот јазик, исто така е службен јазик и неговото писмо согласно овој закон. Што ќе се случи кога ќе се сретнат два инспектори од различни инспекторати на едно исто место, по кој закон ќе одат? – праша Велика Стојкова Серафимовска.
Според неа со ваквото решение се диксриминира употребата не само на македонскиот јазик, туку и јазиците на другите етнички заедници. Забелешките од Венецијанската Комисија по однос на овој закон се пристигнати и после две три години истите не се имплементирани, иако власта најави дека ќе ги имплементира.
Законот за употреба на Македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците се контрадикторни меѓу себе и ќе се јават проблемите тука- дополни Стојкова Серафимовска.
Таа заклучи дека кога ќе се применат забелешките на Венецијанската комисија тогаш нема да го има проблемот на колизија на двата закони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.