Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека најголем дел од банките ќе се вклучат во овој проект.

Стојаноски образложи со колкава сума на пари ќе располага фанансискиот пакет и за која намена ќе се искористи таа сума, додавајќи дека ќе биде од помош и за општините и за стопанството, по што дополни дека најбитно од сето тоа се најповолните услови.

„Прво се работи за финансиски пакет. Ова е еден редок пакет кој што нема да го контролира Владата, туку веднаш како ќе биде стигнат, ќе биде проследен до тие кои што треба да го користат. Тоа се 250 милиони евра за да се финансираат проекти од општините и сме објасниле неколку пати зошто е тоа така, а вториот е 250 милиони за помош на стопанството. Тогаш ние кажавме дека стопанството ќе може да го користи во договор со коморите и со банките на најповолни можни услови и ете успеавме“, изјави Стојаноски .

Во оваа емисија пратеникот Стојаноски истакна дека каматата за унгарскиот кредит нема да ја плаќаат граѓаните, како што шпекулираат од опозицијата и дека е постигнат историски договор со рекордно најниска каматна стапка.

„Лажеа дека каматата ќе ја плаќаат граѓаните. Ете нема да ја плаќаат граѓаните, ние ќе си ја плаќаме кон кредитот кој што сме го повлекле како држава. Каматата која што ќе ја плаќаат претпријатијата ќе биде рекордно ниска, 1,95%“, рече Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.