Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил порача дека крстот на Попова Шапка нема да падне.
„Првиот човек на Општинскиот инспекторат во Тетово Садат Сулејмани изјавил дека е донесена одлука за уривање на крстот во дворот на црквата на Попова Шапка но веднаш дополнил дека во Тетово има над 5.000 решенија за уривање на различни објекти и дека крстот ќе биде отстранет тогаш кога ќе му дојде ред. Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред“, вели Ангелов во својата фејсбук објава.
„Во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот. Да живееш под преубава планина, а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух, кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“ – додава Анеглов.
На крајот директорот на ЦУК порачува:
„Најавениот протест против крстот на Попова Шапка, кој треба да се одржи во очи на Нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци. Се надевам дека нивниот број ќе биде мал“ – пишува Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.