Министерот за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Иван Стоилковиќ денеска не учествува на заедничката седница на владите на Македонија и Косово во Приштина. Во владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сите министри од македонската влада, освен Стоилковиќ.

Иако првата асоцијација за отсуството на Стоилковиќ се ставовите кои тој и неговата Демократска партија на Србите во Македонија ги имаат спрема Косово, сепак, како што објаснуваат од неговиот кабинет за „Република“, тоа не е случај денеска.

Министерот Стоилковиќ денеска е со целосно исполнет ден и единствената причина што не е дел од македонската делегација е поради претходно договорени неодложни обврски, велат од неговиот кабинет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.